Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на ИТ консултантски услуги, апликации и технички решенија за управување со финансиските информации.
Нашата база на клиенти вклучува банки, брокерски куќи и други финансиски институции, корпорации и поединци.
Основана во 1994 година, Интервеј прерасна во клучен добавувач на решенија за македонската банкарска и брокерска индустрија.
Во развојот на продукти, нашите маркетинг специјалисти и инженери секогаш ја разбираат потребата од предвидување на развојот на пазарот и предвремено реорганизирање на трендовите.
Желбата за престиж, одличните познавања на финансиската информациона индустрија и долгогодишното искуство, овозможуваат тимот на Интервеј да развива брзи и ефикасни решенија.
Нашата основна компетентност се заснова на одличните технолошки и финансиски знаења, како и на големиот број на технолошки-базирани решенија дизајнирани да ги задоволат потребите на финанските стручњаци, банки, компании и приватни поединци.
Работењето во пријателска и оптимистичка средина е од големо значење за успехот на проектите, особено кога се работи за проекти со динамично темпо. Во Interway се поврзуваме со луѓе кои се грижат за сопствениот развој како и за подобрувањето на вештините стекнати при работа во тим. Со посветеност и упорност, веруваме дека заедно можеме идеите да ги доведеме до реалност!
InterWay им дава можност на студентите да прераснат во ИТ професионалци.
Ако сакате пракса и сакате да ја започнете Вашата кариера со нас пратете го Вашето CV на
contact@interway.com.mk
+389 (2) 3298 004
contact@interway.com.mk
ул. Кирил и Методиј бр.48 локал 7 Скопје Македонија