Junior .NET Developer

Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на најсовремени ИТ решенија базирани на најнова технологија. Нашите клиенти се банки, пензиски фондови, инвестициски фондови и други финансиски институции во Македонија и САД.

Стани дел од тимот на Интервеј, комуницирај директно со нашите клиенти, развиј сопствена мрежа на контакти и биди ценет и почитуван. Во моментов имаме потреба од кандидат:

Junior .NET Developer


Главни должности и одговорности:
  • Одржување на постоечки банкарски и други финансиски информациони системи
  • Надградба на банкарски информационен систем и мобилни апликации
  • Развој на нови финансиски информациони системи и мобилни апликации

Потребни квалификации:
  • Добро познавање на C#, NET Framework, MVC
  • Добро познавање на SQL и MySQL Server
  • Одлично познавање на Објектно-ориентирано програмирање
  • Одлично познавање на релационен модел на бази на податоци и ORM
  • Познавање на англиски, пишан и говорен

Плус квалификации:
  • Познавање на Angular, вклучувајќи HTML, JavaScript, jQuery, CSS
  • Искуство со Webserver IIS
  • Security : JWT/SAML
  • VCS: Git

Ако ова ви звучи интересно и верувате во Вашето искуство и личен став можете да додадете голема вредност на нашиот тим, тогаш ве молиме испратете CV на следниот маил contact@interway.com.mk