Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на најсовремени ИТ решенија базирани на најнова технологија. Нашите клиенти се банки, пензиски фондови, инвестициски фондови и други финансиски институции во Македонија и САД.
Стани дел од тимот на Интервеј, комуницирај директно со нашите клиенти, развиј сопствена мрежа на контакти и биди ценет и почитуван. Во моментов имаме потреба од кандидат:
Product Assistant / QA Specialist
Главни должности и одговорности:
-
Активна соработка со дизајнери и девелопери низ сите фази на развој со цел грижа за квалитетот на софтверот
-
Поддршка во дефинирање на барања и функционалности
-
Асистенција во разни активности врзани за продуктот (пр. документација, комуникација)
-
Совети и предлози за подобрување на QA методите и нивното извршување
-
Преглед на барања, спецификации и техничка дизајн документација со цел овозможување навремена и значајна повратна информација
-
Извршување на QA (тестирачки) активности
-
Поддршка во менаџирањето на задачи, преглед и репродуцирање на грешки
Потребни квалификации:
-
Студент/дипломиран на департманот Е-бизнис - Економски Факултет (или слично работно искуство)
-
Искуство во тестирање на Веб, Мобилна околина (Android и iOS), Кориснички интерфејс
-
Препорачливо е искуство во работа со разновидни развојни и бизнис тимови со цел ефикасна комуникација на резултатите од текот на работата и разјаснување на бизнис барањата
-
Познавање на Photoshop
-
Фокусирано внимание на детали, силни организациски вештини, демонстрирани способности во следење повеќе тест процеси во исто време и сумирање на резултатите
-
Способност за разбирање функционални спецификации и анализирање на податоци
-
Познавање на англиски, пишан и говорен