Product Assistant / QA Specialist

Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на најсовремени ИТ решенија базирани на најнова технологија. Нашите клиенти се банки, пензиски фондови, инвестициски фондови и други финансиски институции во Македонија и САД.

Стани дел од тимот на Интервеј, комуницирај директно со нашите клиенти, развиј сопствена мрежа на контакти и биди ценет и почитуван. Во моментов имаме потреба од кандидат:

Product Assistant / QA Specialist


Главни должности и одговорности:
  • Активна соработка со дизајнери и девелопери низ сите фази на развој со цел грижа за квалитетот на софтверот
  • Поддршка во дефинирање на барања и функционалности
  • Асистенција во разни активности врзани за продуктот (пр. документација, комуникација)
  • Совети и предлози за подобрување на QA методите и нивното извршување
  • Совети и предлози за подобрување на QA методите и нивното извршување
  • Извршување на QA (тестирачки) активности
  • Поддршка во менаџирањето на задачи, преглед и репродуцирање на грешки

Потребни квалификации:
  • Студент/дипломиран на департманот Е-бизнис - Економски Факултет (или слично работно искуство)
  • Искуство во тестирање на Веб, Мобилна околина (Android и iOS), Кориснички интерфејс
  • Препорачливо е искуство во работа со разновидни развојни и бизнис тимови со цел ефикасна комуникација на резултатите од текот на работата и разјаснување на бизнис барањата
  • Познавање на Photoshop
  • Фокусирано внимание на детали, силни организациски вештини, демонстрирани способности во следење повеќе тест процеси во исто време и сумирање на резултатите
  • Способност за разбирање функционални спецификации и анализирање на податоци
  • Познавање на англиски, пишан и говорен


Ако ова ви звучи интересно и верувате во Вашето искуство и личен став можете да додадете голема вредност на нашиот тим, тогаш ве молиме испратете CV на следниот маил contact@interway.com.mk